Slovensko English Srpski Hrvatski   Пребарај Содржина Насловна
За нас
Кои сме ние?
Каде сме ние
Вработени во SRC
Вести
Контакт
 

СРЦ Системска интеграција д.о.о.е.л. Скопје 
Огњан Прица 16б 
1000 Скопје
Македонија
Телефон   389 2 3113 844
Факс   389 2 3112 844
Контакт

Вести

Update AG ја награди СРЦ Групацијата за CRM проектот во Хемофарм

На состанокот на партнери на австриската компанија Update AG кон крајот на јануари, на СРЦ Групацијата и`   беше доделена наградата „Strategic Customer Win“ (Награда за стратегија со купувачи), со што го доби проектот CRM (менаџмент на односи со потрошувачи) во српскиот фармацевтски концерн Хемофарм, каде што учествуваше регионалниот CRM тим од целата СРЦ Групација.

Проектот за спроведување на CRM во Хемофарм за Западниот Балкан е во завршна фаза, бидејќи CRM решението ќе биде употребено во производството веќе во првиот квартал на 2009 година. Во проектот се планирани 350 корисници од Западниот Балкан. Со CRM системот ќе биде покриена автоматизација на големопродажбата во претпријатието и оптимизација на процесите, а преку поддршка на маркетиншки активности и настани исто така ќе се обезбеди и понатамошен развој. Хемофарм ќе го воведе наведеното CRM решение и во Русија, Романија, Албанија и на други пазари кои имаат намера да се приклучат.

СРЦ.СИ од 2005 година е партнер на австриската компанија Update AG, којашто се занимава исклучиво со CRM решенија веќе 20 години и нуди сеопфатни решенија за менаџмент на односи со потрошувачи. 

Print