Slovensko English Srpski Hrvatski   Пребарај Содржина Насловна
За нас
Кои сме ние?
Каде сме ние
Вработени во SRC.SI
Вести
Контакт
 

СРЦ Системска интеграција д.о.о.е.л. Скопје 
Огњан Прица 16б 
1000 Скопје
Македонија
Телефон   389 2 3113 844
Факс   389 2 3112 844
Контакт

Вести

e-VEM за претпријатија – најголемиот интегрирачки проект во Словенија

Љубљана, 01.02.2008,

e-VEM порталот за комерцијални компании е пуштен во употреба денес, нудејќи можност за 16 различни процедури да бидат спроведени онлајн. Основањето на e-VEM порталот, кој беше порачан од Министерството за Јавна Администрација, претставува годишна соработка на 30 експерти од SRC.SI и 14 институции за јавна администрација. Над 600 советници беа обучени да работат со системот и над 180 e-VEM влезни терминали се во употреба од нотари, судници и комерцијални претпријатија. e-VEM GD е најголемиот интеграциски проект во Словенија. Интегрира шест системи од различни институции шест државни регистри, вклучувајќи регистри, јавни податоци и други извори на податоци кои ги складираат истите. Проектот е потполно уникатен, како и сите процедури кои ги подржува системот се спроведуваат потполно електронски и процесот како регистрирање на претпријатие ( сите правни формалности ) и другите останати едноставни процедури, сега траат само неколку денови.

e-VEM GD системот е интегрирана апликација развиена од SRC.SI во Java и поврзува информациски системи од телотот на јавната администрација кои се вклучени во работните процеси на комерцијалните претпријатија. Вклучува онлајн апликација која е кориснички интерфејс за советници и граѓани и претставува интегратор кој обезбедува правилно и неподелено имплементирањена процесите. Во креирањето на системот се користени нови и модерни технологии за да се осигура стабилноста и безбедноста на системот. Сигурноста е потврдена во согласност со сите законски прописи и воспоставената пракса на електронски бизнис. Во однос на различноста на интеграциски точки порталот вклучува, оналјан сервиси, директната врска помегу фајловите со податоци, безбедна електронска пошта, дигитални сертификати и безбедна врска помеѓу серверот и клиентот.

e-VEM системот за комерцијални компании по електронски пат ги поддржуваат следните процедури:

  1. Понуда за пријавување во Правно/Комерцијалниот регистер.
  2. Понуда за пријавување на измени во Правно/Комерцијалниот регистер.
  3. Понуда за бришење на активност од Правно/Комерцијалниот регистер.
  4. Понуда за пријавување на придружници во Правно/Комерцијалниот регистер.
  5. Понуда за пријавување на наменски компании.
  6. Декларирање на царински податоци ( Внесување во царинскиот регистер, известување за важење на царински давачки и царински пресметки ).
  7. Запишување на поплаки за објавените даноци (VAT-P2).
  8. Регистер на личности со задолжително социјално осигурување (M – 1).
  9. Забелешки за промена на податоците за задолжителното отворено социјално осигурување (M – 3).
  10. Ослободување на личности задолжени со задолжително социјално осигурување (M – 2).
  11. Регистер од членови на семејство со задолжително социјално осигурување (M-DČ).
  12. Овозможува промена на податоците кои се однесуваат на членовите на семејството (M-DČ).
  13. Овозможува од-регистрирање на членови на семејствата квалификувани за здравствено осигурување (M-DČ).
  14. Известување за годишен одмор или тип на работа (PD-1).
  15. Отвара електронски Запис за одлука, за едночлени компании – пример нотари.
  16. Внесување на одлуки во електронскиот Запис на одлуки, за едночлени компании – пример нотари.

Корисниците можат да ги извршат овие процедури во e-VEM влезните трминали или кај нотарите, во зависност од видот на комерцијалната компанија. Дури корисниците можат да спроведат некои од споменатите процедури независно.

Print