Словене��ката е-влада се рангира на второто место во ЕУ
Љубљана, 24.09.2007
Четвртата Министерска Конференција за еВлада беше одржана во Лисабон, по повод португалското претседавање со Европската Унија. Потпретседателот на Европската Комисија Сиим Калас, во своето обраќање ги објави резултатите од појдовната точка на прогресот во електронската јавна администрација на земјите членки на ЕУ. Појдовните точки се извршени од невладина организација CapGemini, што брои 20 одредени сервиси за граѓани и 12 бизнис сервиси. Резултатите од извештајот од оваа година покажуваат дека Словенија, заедно со Малта, од седмото место во 2006 се качила на одличното второ место. Овој прогрес е се должи на огромното признавање за Словенија и нејзините напори да развие ефикасна е-влада. Потпретседателот на Европската Комисија Калас, во својот говор посебно ги издвои Словенија, Малта и Естонија како земји што направиле најголем прогрес, нагласувајќи го достигнувањето на Словенија. Според резултатите од извештајот, Австрија останува најветувачка земја.
За дополнителни информации, ве молиме посетете ја веб-страната на Европската Комисија.