Slovensko English Srpski Hrvatski   Пребарај Содржина Насловна
За нас
Кои сме ние?
Каде сме ние
Вработени во SRC.SI
Вести
Контакт
 

СРЦ Системска интеграција д.о.о.е.л. Скопје 
Огњан Прица 16б 
1000 Скопје
Македонија
Телефон   389 2 3113 844
Факс   389 2 3112 844
Контакт

Вести

eVem порталот постигнува глобален успех

Љубљана, 08.06.2007

Проектот eVem (направен од SRC.SI за словенечкото Министерство за Јавна Администрација) овозможи Словенија да се најде на потесниот избор од 10 земји за Наградите за 2007 за Јавна Администрација од Обединетите Нации. Овој натпревар е во надлежност на Обединетите Нации и е најпрестижното интернационално признание во јавната администрација.

Тој ги наградува креативните достигнувања и придонеси за поефикасна и поодговорна јавна администрација. Словенечкиот eVem проект беше еден од европските финалисти (второ место) во категоријата “Подобрување на транспарентноста, надлежноста и одговорноста во Јавната Администрација“, и меѓу топ 10 земјите на глобално ниво.

Оваа година за прв пат беше забележано дека Обединетите Нации јавно освен победниците, јавно ги објавија и финалистите. Организацијата го направи овој чекор за да ги награди и признае напорите на индивидуални земји во креирањето подобра јавна администрација. Меѓу победниците и финалистите во сите категории беа 16 земји и 25 проекти од шест региони – Африка, Азија, Јужна Америка со Кариби, Западна Азија, и Северна Америка со Пацифик.

Повеќе информации за Наградата на Обединетите Нации за Јавна Администрација може да се најдта на

http://www.unpan.org/dpepa_psaward.asp.

Ова е листата на победници и финалисти што е достапна на

http://unpan1.un.org/intradoc/groups/public/documents/un/unpan026198.pdf.

Print