Ефикасно ракување со бизнис документацијата – поголема ефикасност во работењето
Концептот на документациски системи е составен од следниве елементи:
Дигитализација на документи (Imaging)
Се користи за внесување,зачувување и управување на елетронски слики кои претходно биле скенирани(хартиени документи),односно праќање по телефакс или елетронаска пошта.
Управување со документите
Го зафаќа технолошките решенија кои овозможуваат:
- Пребарување
- Пристап
- Безбедност
- Управување со документи
Системот содржи документи кои настанале на различни начини- скенирање документи во хартиен облик,документи настати со различни апликации,од мали пораки,можат да се внесат и други формати како што се слика,видео и друго.
Управување со записите (COLD - Computer Output to Laser Disk / ERM – Enterprise Report Management)
Содржи технички решенија за:
- Електронско преземање
- Индексирање
- Трајно зачувување на форматирани компијутерски излезни податоци(принтани страни) во електронски облик.
На овој начин на организациите им е обезбеден изворен документ во елетронски облик,онаков каков што е принтан и предаден во рацете на комитетот.
Управување со текот на работењето (Workflow)
Представва автоматизирање на текот на документот и информацијата во работниот процес.При што можеме подетално да ги одредиме работните постапки кои се однесуваат на членовите и нивните задачи,како и влезните и излезните вредности.
Истовремено со авотматизацијата на процесите е овозможено и креирање работни правилаи стратегии со кои се регулира текот на работењето,како и надгледување и обавестување при извршување на работните задачи.
Логичка и физичка архива
Се користи за архивирање на документи и податоци,при што метаподатоците од документите се архивирааат во логичката архива,а додека самите документи се сместени во физичката архива. Физичката архива обезбедува документите да бидат достапни и безбедни.
Сите податоци не можеме да ги зачуваме во eDMS кој е наменет исклучиво за работа со документи. За да се избегне дуплирањето при внес и запишување на податоци eDMS се поврзува со трансакциониот систем при што тоа поврзување зависи од потребата на нарачателот или барањето на деловниот процес.