Slovensko English Srpski Hrvatski   Пребарај Содржина Насловна
Производи
eHRM
ODiS
eOffice
Предности
Особини
Имплементација
Модули
eOffice–Лизинг
 

СРЦ системска интеграција д.о.о.е.л. Скопје 
Огњан Прица 16б 
1000 Скопје
Македонија
Телефон   389 2 3113 844
Факс   389 2 3112 844
Контакт

eOffice

Фамилија продукти кои овозможуваат едноставно брзо и транспарентно водење на бизнис документи

Сите сме имале моменти во работењето кога комплексноста на документите го отежнуваат нашите животи. Потврдениот договор е пратен предоцна до клиентот па важна зделка пропаднала поради тоа, поради што компанијата можеби и го изгубила угледот ...

Одлуката на раководителот на секторот е блокирана бидејќи администраторот не успеал да пронајде важен документ кој претходно пристигнал во компанијата но не бил навремено доставен до раководителот на секторот ...

Бидејќи веќе постојат многу погрешно евидентирани договори, администраторот не ја забележал датата на истекување на договорот, и договорот е прекинат без да знае било која од страните дека треба да се покрене процедура за продолжување ...

Чекањето одговор на важни прашања неколку дена го прават клиентот незадоволен, па тој почнал преговори со конкуренцијата ...

На некој вработен му  требале три дена за да ги собере неопходните документи од неуредно оргаанизираната документација, и притоа не е сигурен дека ги има точните документи ...

eOffice  помога за одбегнување вакви ситуации.

Што е eOffice ?

Денешното бизнис опкружување бара секојдневни активности поврзани со документи. За таа цел SRC.SI разви eOffice фамилија софтверски апликации, овозможувајќи едноставен, брз, транспарентен и сигурен начин за водење на бизнис документи.

eOffice овозможува ефикасна подршка за водење влезна пошта, примени сметки и договори, организирање состаноци и управување, и поефикасни односи со јавност. За бизнис околините кои користат Microsoft Navision ERP систем, eOffice подржува целосна интеграција со таквиот систем. Напредните особини за интеграција на eOffice исто така овозможуваат лесна интеграција со други ERP системи (како на пример SAP).

Кој би имал корист од eOffice?

eOffice фамилијата е наменета за мали и средни бизниси и организации

За повеќе информациии погледнете ги одделите :

 

Print