Победете ја "војната со хартија"
Едноставност и брзина
Главна насока за развој на eOffice беше да се создаде ефикасна работна околина, о��озможувајќи им на корисниците да ги изведуваат дневните рутински задачи поврзани со управување со документи на автоматизиран, побрз и поедноставен начин, овозможувајќи повеќе време да може да се посвети на други обврски.
Транспарентност
Користењето на eOffice доведува до стандардизација на интерните и исто така на екстерните процедури. Ова го намалува времето на одѕив и ја минимизира можноста за грешка (eOffice ги имплементира бизнис правилата на клиентската околина и секогаш ја нуди најновата верзија на документите на сите корисници), со што се подобрува квалитетот на сервис и се зголемува задоволството на вработените. Ова ја прави компанијата побрза при давањето одговори и попријателска, зголемувајќи го задоволството на корисниците.
Безбедност
Со употреба на електронското архивирање и манипулирање со сите документи во електронски формат, eOffice ја редуцира можноста од инцидентно губење, уништување (од оган или поплава) или несакан престанок на валидност на документите, и истовремено ја зголемува безбедноста (спречувајќи неавторизиран пристап или кражба на документи) и овозможува скартување на процедурите за управување со документи, овозможувајќи ефикасна супервизија. Доколку е потребно, eOffice исто така може да вклучи подршка за безбедно архивирање и водење повеќе верзии на документи.